„Недостигаш...“: Ана Бекута сподели емотивна порака за нејзината најголема загуба

Добивај вести на Viber

Болка и тага која никогаш нема да може да ја надмине

Поминаа три години откако Милутин Мркоњиќ ја загуби животната битка по тешко боледување и го напушти овој свет.

Ана Бекута, која беше партнерка на Милутин, сподели многу емотивна порака на својот Инстаграм профил.

 - Помина третата година... Ми недостигаш секој ден, секој момент. Но, денес, наместо да ме обзема тага, избирам да чувствувам благодарност за сите моменти што ги поминавме заедно. Спомените, како и сè во природата, не исчезнува - таа се претвора во нешто вечно - инспирација што нè движи дури и кога се чини дека тишината е насекаде околу нас. Во секој чекор што го правиме, во секој предизвик што го прифаќаме, ти си таму. Невидлив, но моќен. твојата сила е во нас, во се‘ што правиме и продолжува да не‘ инспирира да бидеме подобри – пишува во објавата на Ана на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenhsoot