Негативни ефекти од екстензии на коса

Добивај вести на Viber

Марија Фишер била вљубена во нејзината долга коса. Таа од својата 14 годишна возраст носела екстензии и едноставно уживала во нив.

Се’ до моментот кога во април 2016 не приметила дека на дел од нејзината глава недостасува коса. Ужасната од тоа сознание, таа го сликала задниот дел од главата за да провери што ѝ се случува. Обидувајќи се да открие зошто ѝ паѓа косата, таа сфатила дека всушност вештачки прикачените прамени (екстензии) со кои што дотогаш се гордеела се виновни за настаната дупка на нејзината глава. Обемното и неконтролирано паѓање на нејзината природна коса продолжилo и понатаму. Состојбата со текот на времето толку многу се влошила, што Марија на крајот била приморана во еден период од својот живот постојано да носи перика.

За нејзиниот случај пишуваше познатиот весник New Yorker и долго време го следеше периодот на нејзиното опоравување. Во нивните статии новинарите споделуваа искуства и на други луѓе кои што се соочиле со губење на нивната коса и страдале од косопад како резултат на носење ектензии. 

Експертот за медицинска и козметичка дерматологија, д-р Франческа Фуско, во текот на изминатата деценија многупати апелираше и јавно зборуваше за ефектот и последиците од носењето на екстензии.

Иако целта на носењето на екстензии е подобрување на надворешниот изглед, тие често пати може да доведат до несакани и катастрофални ефекти. Тука спаѓаат мигрена и чести главоболки, печење, чешање и сензација на пржење на кожата, а сето тоа потоа води кон опаѓање на цели прамени коса, појаснува д-р Фуско. Таа понатаму објаснува дека самото лепење односно прикачување на екстензијата за природната коса трајно го оштетува влакното на косата на местото каде што се нанесува лепакот, односно хемискиот препарат за сврзување. Дополнително, оптеретувањето што таа екстензија го предизвикува со својата тежина се префрла на коренот на влакното и ги слабее фоликулите на косата. Тоа неминовно води кон состојба позната во медицината како “traction alopecia”. ”Traction Alopecia” претставува трајно губење на косата предизвикано од надворешна сила (во случајов притисокот што го прави екстензијата на фоликулата). Оваа состојба може да предизвика трајно губење на косата, особено ако не се детектира на самиот почетокот кога ќе се појави, а чести се случаевите кога прогресира кон неповратно губење на косата односно целосна ќелавост. 

Во последните години светските модни трендови како да подзаборавија на овие вештачки екстензиии и акцентот го ставија на природните, долги, негувани и здрави коси. Тоа сигурно најмногу ја радува Марија Фишер, хероината од почетокот на оваа статија, која сега после треттата година може да се пофали со својата долга, но природна и здрава коса.