Неизмерна тага во ЗОО Скопје: Ја нема повеќе жирафата Tобого

Неизмерна тага кај сите љубители и верни посетители на Зоолошката градина во Скопје. Почина жирафата Тобого. Од ЗОО Скопје преку социјалната мрежа Фејсбук објавија дека е направена обдукција врз телото на жирафата, но дека целосните резултати ќе се добиле за неколку дена.

Жирафата Тобого, заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на Зоолошката  градина во Скопје.


Фото: Фејсбук/ЗОО Скопје