Неизвесен 1.септември: Ќе седнат ли децата во училишните клупи?

Дали учениците ќе седнат во школските клупи од 1.септември? Ова е прашањето што уште од сега ги мачи најголемиот дел од родителите, и тоа сосема исто и оние кои имаат деца во пониските одделенија, како и оние чии деца се веќе тинејџери.

Едните се грижат прво кому да ги остават децата во текот на денот и колку самите ќе успеат да ги научат буквите, броевите, множење, делење, едноставни математички операции, како ќе научат сами да раскажуваат, каде треба голема буква и така натаму. Родителите пак, на повозреасните деца, за кои не е проблем сами да останат дома имаат други грижи. Сметаат дека децата не го добиваат потребниот квалитет на образовние, особено што второто полугодие помина без никакви испрашувања, само беа испраќани прашања, на кои требаше учениците да вратат одговори, да направат презентации, да напишат есеи.

-Материјалот кои од секогаш се сметал за покомплициран, за кој е потребно исклучиво објаснување и предавање од страна на наставниците, комплетно изостана. Родителите не може да бидат наставници по математика, физика, хемија, биологија, странски јазици...Пропустот што е направен во втрото полугодие е ненадоместив. Содржините не се совладани. Ако и од 1.септември наставата продолжи на овој начин, заради актуелната криза со епидемијата на Ковид-19, ова ќе бидат уништени генерации. МОН мора да обезбеди вистинско учење, наставниот процес да биде сосема ист како да одат во училиште. Ако веќе се оди на онлајн настава, децата од понеделник до петок, во 8.00 наутро мора да се пред компјутерите, наставата да биде интерактивна, да бидат прашувани, да имаат тестови, да им бидат сите непознати нешта убаво објаснети и работниот ден да им завршува во 15.00, а не како што беше, до полноќ да се работи, да се бара помош од родителите, комшиите, тетките.... Истовремено, наставниците си ја задржаа платата сите тие месеци со ниту денар помалку, а нивниот ангажман беше сведен на минимум, велат за Фактор родители чии деца се средношколци.

Ставот на поголемиот дел од наставниците за новата учебна година, прочитајте го на Фактор.мк