Нејзиното богато семејство не го прифати: Пред Фахрије, Бали бег лудо ја сакаше оваа позната водителка

Бали бег пред нешто повеќе од две години го рече судбоносното „да“ на својата убава колешка, актерката Фахрије Евџен.

Но турските медиуми јавуваат дека деновиве, Фахрије и Бурак не можат да ги решат брачните несогласувања и дека се пред развод. А тврдат и дека Бурак е на работ на трпеливоста, иако тој ја сака својата сопруга.

Но и неговата прва голема љубов, девојката што ја сакал пред Фахрије, му го скршила срцето.

Станува збор за поранешната водителка на „Фешн ТВ“, Џејлан Чапи.

Имено, Џејлан и Бурак биле во долга романса, или поточно, се сакале две и пол години. А дефинитивно раскинаа во 2014 година, иако долго време се шпекулираше која е причината.

Во еден турски таблоид, одекна како бомба веста дека Џејлан всушност го пронашла Бурак во кревет со друг маж, а таа го оставила поради тоа, сепак, подоцна се дозна дека причината е всушност тоа што Џејлан потекнува од богато семејство, а Бурак бил скромно момче.

И додека родителите на шармантната девојка и обезбедија сè во животот, актерот морал сè да заработи самиот. Наскоро, поради разликата во карактерите, тие почнале се' почесто да се расправаат, а Озџивит не бил прифатен од богатото семејство на Џејлан. Раскинувањето било неизбежно, а Бурак останал со скршено срце.

- Наскоро по раскинувањето, започнав многу да работам. Се запознав со Фахрије, со која првично бев пријател. Искуството ме научи дека љубовта може да биде опасна и не сакав да ја изгубам главата поради тоа. Фахрије ме убеди дека вистинската љубов сè уште постои - рече Бурак еднаш.

извор:glossy.espreso.rs