Некогаш беше секс симбол, но денес едвај ја препознаваат по улиците на големите градови (ФОТО)
Оскаровката промовира здрава исхрана и физичка активност како клуч за добар изглед во староста, но обожавателите се скептични
Голди Хоун е фотографирана додека шета низ дождливите улици на Њујорк, а нејзините обожаватели беа изненадени од нејзините нови усни со кои е речиси непрепознатлива, пишува „Дејли Мејл“.
Филмската актерка и оскаровка за прошетката носеше елегантна црна јакна, тесни црни панталони и кошула со пруги врзана околу половината.
Во раката држеше овошно фрапе и носеше светло црвен маникир што одговараше на скапоцените камења во нејзиниот ѓердан.
Таа помина една недела на Менхетен и уживаше во квалитетно поминато време со својата долгогодишна љубов Курт Расел и ќерката Кејт Хадсон.
Со текот на годините таа ги откриваше своите тајни за убавина, а како најважни ги истакна здравата исхрана, вежбањето и едноставната рутина за нега на кожата.
- Кога се мијам, го масирам лицето околу три минути, потоа нанесувам креми за лице и одам да спијам - изјави 77-годишната дама и додаде дека кога ќе се разбуди наутро го повторува целиот процес.
Како поевтина и поприродна опција за крем за лице, таа користела кокосово масло некое време, а нејзината мајка знаела да цеди лимони и да користи киселина како пилинг.
- Се трудам да пијам овошни сокови и да вежбам по малку секој ден. Во денот наоѓам моменти за кратки медитации, ако немам време за подолга медитација наутро – вели Хоун.
.Смета дека физичката активност е клучот за одржување на менталното здравје и позитивниот став, а има и посебен план на исхрана.
- Не јадам многу, мислам дека се прејадуваме. Исто така, не ја мешам храната премногу, ако сакам протеини ќе јадам чинија леќа, нема да ја мешам со куп работи - објасни Хоун.
Тaa го гледа стареењето како животен факт со кој треба да се соочиме бидејќи тоа е само уште една од многуте транзиции низ кои треба да се помине во животот.
- Прекрасно е да знаеш дека старееш, бидејќи тоа значи дека сè уште си на планетата, нели? - прашува Хоун.
Извор: www.jutarnji.hr