Некогаш фатална русокоса, денес непрепознатлива: Познатата актерка го изобличи лицето, претера со ботокс и операции

Фото:Profimedia

Сакајќи да ја зачува својата младост, актерката се изобличи

Поминаа 20 години од премиерата на филмот Американска пита. Реализацијата доби светска популарност, толку многу што беа снимени уште три продолженија на култната романтична комедија.

Покрај главните ликови кои ги забавуваа гледачите ширум светот, сите, особено мажите, се сеќаваат на споредната, но многу импресивна улога - фаталната мајка на Стифлер, во која сите беа заљубени, а ја играше актерката Џенифер Кулиџ.


Актерката го маѓепса целиот свет со своите волшебни облини, важеше за фатална русокоса, никој не остана рамнодушен на нејзиниот шарм, а многумина ја нарекуваа најубавата жена во Холивуд. Денес ситуацијата е поинаква. Имено, актерката во својата желба да го задржи својот младешки изглед претера со естетски процедури. Се шпекулира дека ги зголемила усните, го намалила носот и ги стегнала очните капаци.

На нејзиното лице веќе скоро и да нема ништо природно, но многумина се согласуваат дека таа не го изгубила својот шарм и харизма.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Непрепознатлива: Кели Озборн изгуби 40 килограми, престана да пие, сега е како друга личност