Некогаш најубавата жена во Холивуд, сега со уништено лице: Пленеше со својата природна убавина, но посегна по екстремност
Познатата Дона Хејворд од култната серија „Твин Пикс“ за жал е класифицирана како екстремен пример за пластична хирургија или естетски корекции. Фотографии од актерката кои покажуваат како изгледа таа денес предизвикуваат шок и чудење.
Лара Флин Бојл пленеше со својата природна убавина. Нејзиниот талент беше голема поддршка на нејзиниот пат до успехот во Холивуд, како што и треба, иако е добро познато дека изгледот често и за жал е пресуден за популарноста на јавната сцена.
Без разлика дали се работи за зачувување на младешкиот изглед или нешто друго, Лара го промени својот изглед, не сакајќи да и дозволи на природата да го тргне својот пат.
Секогаш кога ќе се појават нејзините фотографии, се коментира дека имала голем број естетски зафати или пластични операции. Нејзиното лице навистина изгледа деформирано, устата и доби прилично необичен изглед.
Приказната за Лара е како и сите други приказни за крајностите на „вештачкото разубавување“. Што се случува кога ќе ја изгубите мерката, погледнете во фотографиите подолу.
Треба да се има предвид дека експертите често истакнуваат дека желбата за огромна трансформација на изгледот најчесто е мотивирана од проблеми кои не можат да се решат со одење на пластична хирургија.
Фото: Профимедиа
Ангелското лице е минато: Вака изгледа денес популарната „Злобничка“ - зошто ли го направи ова?