Нема барања до МОН за настава со физичко присуство ниту од училиштата со малку ученици

И покрај тоа што Владата донесе одлука да може да се реализира настава со физичко присуство во училиштата со помал број ученици, но само доколку основачот на училиштето поднесе барање до Министерството за образование и наука со образложение за исполнетоста на критериумите, надлежите од ова министерство за Фактор велат дека до овој момент нема пристигнато ниту едно барање од училиштата ширум земјава. 

-Согласно усвоени заклучоци на владина седница, новата учебна 2020/2021 година ќе започне со онлајн-настава, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои ќе можат да посетуваат настава во училница, а воедно и училиштата со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба ќе може да организираат класична настава, откако претходно општините ќе добијат согласности од Владата. До овој момент нема доставени такви барања. Но крајната одлука ќе ја носат родителите на учениците. Тие ќе изберат дали нивните деца ќе посетуваат училиште или пак ќе бидат вклучени во онлајн настава, велат од министерството.

Повеќе детали по оваа тема прочитајте на Фактор.мк