(ФОТО) Нема да дозволам никој да ја валка нашата чест и углед: Елена Велевска емотивно за фамилијата
Елена Велевска објави фотографија од нејзината фамилија и упати емотивна порака
Овој потег на фолк пејачката следува откако неделава, на некој од интернет порталите се појави вест со наслов „се срамам од моите родители“, а за текстот беше поставена фотографија од Елена Велевска, како насловна.
Тој текст предизвика многу негативни коментари за сметка на пејачката, иако внатре во текстот јасно беше дека не станува збор за неа, туку се работи за преведен анонимен текст.
Оние кои не ја прочитале целосната вест, или се базирале само на насловната фотографија беа сигурни дека Велевска рекла да се срами од нејзината фамилија.
Но, Елена денес реши да се огласи по тоа прашање и да стави крај на гласините.
-Ова е мојата фамилија, мој темел,моја гордост, мое сѐ. И нема да дозволам никој да ја валка нашата чест и углед, напиша пејачката.
На фотографијата се нејзините родители, сестра ѝ и внуците.
*РЖМ
Поврзани вести:
-(ФОТО) Елена Велевска во фустан кој е тренд број еден сезонава
-(ФОТО) Влезе во петтата деценија, а изгледа совршено: Елена Велевска со есенски стил во црвена боја
-40-ти роденден со најблиските: Елена Велевска сподели фотографии од домашната забава
-Некои бракови треба да ги раздели полиција: Елена Велевска за бракот