Нема да ја препознаете: 30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл

Вчера, после догл период Меган Маркл беше видена во јавноста, покрај сопругот Хари. Односно тоа е прво нејзино појавување по породувањето. Меган стана и мета на критики бидејќи на себе носеше многу вреден накит, па го доби прекарот арогантна и дијамантска Меган, но некогаш таа беше само обична девојка што можеше да се забелеши и по фотографиите кои ги објавуваше.

Иако веруваме дека таа би сакала засекоогаш да ги снема од Интернет просторот, и покрај деактивирањето на нејзиниот профил, овие фотки кои Меган Маркл некогаш гордо ги споделуваше сега се само доказ дека и таа некогаш била нормална девојка, пред да влезе во кралскиот дворец.

Поранешната актерка Меган Маркл откако се омажи за принцот Хари, стана официјален член на британското кралско семејство, ја напушти својата љубов кон актерството, стана мајка на две деца - Арчи и Лилибет и во меѓувреме заедно со Хари се повлекоа од кралските должности. 
И, ако претходно ја следевте Меган Маркл на Инстаграм или Твитер, сигурно знаете дека тогаш нејзините профили беа избришани. 

Познато беше дека ниту еден член на кралското семејство нема лични профили на социјалните мрежи. Единствен исклучок е профилот „Кенсингтон Ројал" креиран од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. И Хари и Меган направија профил насловен како „Саксесројал“ ,меѓутоа по напуштањето на нивните краслки функции овој профил згасна.

Од времето, уште во 2016-та година, кога се појавија првите гласини за нејзината романса со принцот, Меган Маркл престана активно да објавува слики на Инстаграм, па целосната деактивираност на страницата беше само прашање на време.

Погледнете ги најимпресивните фотографии на Меган Маркл објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, пред тој да стане историја.

.