Нема да верувате: Знаете ли што работел Том Круз пред да стане милионер?

Познатата холивудска ѕвезда како и многумина имал голем број животни препреки пред да стане славен и богат.

Богатството на Том Круз се проценува на 570 милиони долари, но денес и не би бил светски познат доколку не се запишел на часови по глума и продолжел со идејата да стане свештеник, како што прично сакал.

Актерот кој има германско, ирско  и англиско потекло на 18 години го напушта училиштето и заминува во Њујорк за да стане актер. Во меѓувреме работел како чистач и вратар се додека не добил улоги во филмови кои му донеле заработка од 15 милиони долари.

Денес е еден од најталентитраните и најбогати актери и може да си дозволи да бира улоги кои ќе ја одбележат неговата кариера.

Сигурно една од омилените негови улоги е онаа во „Невозможна мисија“. Имено токму за новото продолжение на истата е потврдено дека актерот за кој е познато дека нема свој каскадер за опасните сцени, ќе лета на Меѓународната вселенска станица. Летот е официјално потврден и од НАСА, а Круз треба да направи само мал скок како актер, но сепак голем за филмската индустрија.

Летот е закажан за октомври 2021 година, а на Круз ќе му се придружи и режисерот на новото продолжение на филмот, Даг Лиман.
Ваква спектакуларна филмска сцена ќе гледаме благодарение на американскиот милијардер и сопственик на „Спејс екс“, Илон Маск. Том Круз и Лиман до Меѓународната вселенска станица ќе летаат со „Кру Драгон“ на Илон Маск, а со леталото ќе управува Мајкл Лопез-Алегрија. Останати детали засега не се откриени.