Нема да заврши добро, ќе умрат илјадници: Наум Петрески по изјавата дека нема да го почитува карантинот

Фолк-пејачот Наум Петрески смета дека сме многу неподготвени за борба со коронавирусот, а тоа според него го докажува големиот број на заразени здравствени работници и припадници на полицијата.

Откако неговиот статус на Фејсбук профилот дека веќе нема да ги почитува мерките за карантин, предизвика различни коментари во јавноста, Наум ни изјави дека уште на крајот на март, исто преку Фејсбук  дал предлог како да се олесни состојбата со вирусот.


„ Полицискиов час можеби малку и ќе помогне, но ова со премногу бавно тестирање на заразените и нивните блиски контакти се одолжува, а со секој час расте бројот на новозаразените. Мое мислење е со паричната помош или со кредитите што ќе ги земаат, Владата да набави тестери за секој човек во државава, и така ќе има најсигурни резултати и најбрзо потиснување и уништување на вирусот. Треба да има не само 14 центри кои не знаеме ни каде се за испитување, туку и мобилни центри кои ќе испитуваат темелно а не на „жими мајка“- имам температура. Нема да се заврши добро за никого кога ќе умрат илјадници“, вели пејачот.

„ Јас сум во Струга веќе цел месец, а во моментов сум во викендица на Глобочичко езеро“, ни изјави Петрески и додаде дека додека одмара од настапите се занимава она што најмногу го релаксира, риболовот.

Струмичка мастика на риболов во Струга.- напиша Наум под сликата која ја објави на Фејбсук


„ Од денеска јавно им кажувам на властите дека од денеска не седам во карнтин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен да, за луѓето со попречен имунитет, е тие луѓе ставете ги во карантин, а не сите нас“, е дел од статусот на пејачот објавен за време на Велигденските празници.

М.Џаровска