Нема магариња за туристи потешки од 100 килограми: Нови правила во Грција

Добивај вести на Viber

Грчкото Министерство за рурален развој и храна објави нови прописи за да ги заштити животните. Тамошната влада одлучи да ја ограничи тежината на туристите што сакаат да јаваат на магаре за време на одморот во оваа земја. Оваа одлука дојде по реакцијата на активистите за правата на животните откако го свртеа вниманието на магарињата што мораа да се искачуваат по стрмните улици на Санторини пренесувајќи ги тешките туристи. Едно од новите правила е дека магарињата на Санторини не смее да ги јаваат луѓе што имаат повеќе од 100 килограми или кои тежат една петтина од тежината на животното.