Нема ни три години, а веќе има свои песни: Алба Грашо запеа со мајка ѝ Хана и татко ѝ Петар

Ова не е првпат гласот на малата Алба да се слуша во песните на Хана, а претходно таа откри дека токму поради нејзината ќерка решила да работи на приспивни песни за деца...
Хана Хуљиќ Грашо компонираше нова песна за деца. Велигденската песна (Алелуја) ја напиша мајката на Хана, Вјекослава, а ја отпеа Хана, нејзиниот сопруг Петар Грашо и нивната ќерка Алба.
-Мамино и татино сум чудо, не им треба ниту едно друго- е еден од стиховите на песната објавена на јутјуб каналот на Хана посветен на детски песни.
Ова не е првпат гласот на малата Алба да се слуша во песните на Хана, а претходно таа откри дека токму поради нејзината ќерка решила да работи на приспивни песни за деца.
- Навечер смислувам приспивни песни додека навистина го заспивам моето ненаспано бебе и докажано се ефективни - изјавила Хана минатата година, а открила и како нејзината Алба почнала да потпевнува кога имала само осум месеци.
- Како што почна да пее некои приспивни песни што ѝ ги свирев за да ја заспијам, не ми беше важно што таа пее туѓи, а не мои и јас тогаш решив да пеам свои приспивни песни - рекла гордата мајка.
Алба е првото дете на Хана и Петар Грашо, а се роди во јули 2022 година. Минатата есен парот го доби синот Тони.