Нема подобар рецепт за прекрасен живот – од овој!

Годините поминуваат, а ние само нешто чекаме за да почнеме да дишеме со цела душа, да станеме среќни и спокојни, и конечно да почнеме да живееме. Сите тие години никогаш не можеме да ги вратиме и дури во длабока старост можеби ќе сфатиме дека животот нечујно поминал покрај нас додека ние замислуваме како би сакале да го живееме. 

 Што и да ве снајде во животот, морате себе си да се потсетите дека животот е од непроценлива вредност. Животот е чудо, иако можеби во моментов не ви е по волја. Посветете внимание на се што ви се случува, на луѓето кои ве опкружуваат, на настаните кои ве прават тажни или радосни. 

Прифатете се без приговор. Дозволете си себе си да страдате кога ви е тешко и да се радувате кога доживеете успех. Сакајте со цело срце.

Сакајте се - и она што ви одговара и она што не баш. Извлечете го најдоброто од се, од секој настан, од секоја личност, од секој проблем, од секоја препрека. Засакајте се себе, засакајте ја својата драгоцена улога во оваа непрегледна шема на работи. Вашето присуство не е случајно. 

Вие сте важна карика во огромниот ланец на постоење. Животот е подарок, иако можеби немате се што сте сакале отсекогаш. 

Човекот го жнее само она што го посеал. Затоа, сејте љубов, разбирање, добрина, човечност, искреност, милост, верба, сочуство. Верувајте дека доброто со добро се враќа. Правете добри дела. Помагајте на кој можете. Собирајте поени кај тие моќни, креативни сили кои ги нарекуваме Бог. И запамтете ја една од најголемите вистини... Животот на никој никогаш не му останал должен.