„Нема потреба да мразите завидливи луѓе, тие признаваат дека сте подобри“: 15 изјави од Моника Белучи кои треба да ги запомните

Добивај вести на Viber

Моника Белучи важи за една од најубавите актерки во светот, но покрај вонсериската убавина и талент, таа е неверојатно мудра жена, а еве неколку нејзини совети, злато вредни:

1. Ништо не ни припаѓа, ниту нашите сопрузи, ниту нашите деца. Можеме само да споделуваме со луѓето кои ги сакаме.

2. Жената може да сака како никогаш да не ќе замине. Но, може да дојде ден кога таа ќе замине како никогаш да не сакала.

3. За мене стареењето значи, да бидете подобри!

4. Убавината на жената станува проблем само во два случаи: Кога ја нема и кога нема ништо друго освен убавина.

5. Што ќе правам кога ќе остарам и мојот одраз во огледалото веќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мајка ми. Нема да се гледам во огледало, ќе ги гледам своите деца.

6. На младите девојки секогаш им велам: „Научете да го сакате своето тело!“, бидејќи совршенство не постои и сосема е очигледно дека жената со облини не е ништо помалку убава од витката девојка. Едноставно, треба да научите да се прифаќате себеси, такви какви што сте.

7. На сите ни требаат илузии. И затоа сакаме филмови.

8. Не би сакала повторно да имам 20 години за ништо на светот. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи на таа возраст само се запознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, страдаме од несигурност. Сега точно знам што ми треба и без што можам да живеам.

9. Луѓето можат да и простат на интелигенцијата, дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш.

10. Според мене, глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станеш спонзор на некој со длабоки џебови, да си го поминуваш животот бескрајно во разни забави. Ни треба убавина за да најдеме хармонија, љубов и значење во овој хаотичен свет.

11. Нема потреба да мразите завидливи луѓе, тие признаваат дека сте подобри.

12. Убавината станува поизразена и поинтересна кога ја сокрива облеката.

13. Женственост - тоа е хармонија, природност и сензуалност.

14. Да се ​​биде убава на 20 години, тоа е природно. Кога си убава на 45 или 55 години, е тоа е животна позиција.

15. Првото дете го родив на 40, второто на 45, глумев во „Бонд“ на 50 и никогаш повеќе не би сакала да имам 20 години. Во младоста имаш „beaute du diable“ како што велат Французите, убавина ти не ја разбираш, не знаеш за неа. Но, кога имаш 50 години, во тебе се раѓа една поинаква убавина, убавина која ти дава сила. Таа сила не е поврзана со надворешната убавина!


Фото: monicabellucci/instagram