НЕМА УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Уште две недели, од полноќ до 4 часот изутрина забрана за движење

И во наредните две недели да остане на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4 часот изутрина е препораката на Комисијата за заразни болести по редовниот утринскио состанок.

Оттаму за Фактор брифираат дека целта е да нема промени во рестриктивните мерки со цел поголема стабилизација на епидемиолошката состојба во земјава.

-Сведоци сме на секојдневно намалување и на бројот на новозаразени, како и на бројот на примени пациенти во болниците, значи епидемиолошката крива овие денови е постојано во надолна линија, но уште две недели ќе важат рестриктивните мерки за да не се случи нешто непредвидено. Значи полициски час од полноќ до 4 часот забајле и кафеаните, рестораните, локалите, сите угостителски објекти ќе го имаат сегашното работно време, односно до 23.30. Сепак станува збор за респираторен вирус, кој веќе добро знаеме, може да избувне во секое време. Оставаме простор да ја држиме ситуацијата под контрола, барем додека се извакцинираат уште 100.000 граѓани, а со ова темпо на вакцинација, тоа ќе се случи за 14-дена. Значи, за да имаме непречен процес на вакцинација, не смее да ни се случи огромен број новозаразерни на дневна основа, вели извор на Фактор од Комисијата за заразни болести.

Детали читајте тука.