НЕМА ВОЗАЧКА, НИТУ ПАСОШ, СОПСТВЕНИК Е НА СИТЕ ЛЕБЕДИ - ова се привилегиите на кралот Чарлс
На новиот крал Чарлс III. нема да му треба пасош или возачка дозвола, но затоа ќе стане сопственик на сите лебеди и есетра во Обединетото Кралство, една од малку невообичаените привилегии што ги ужива британскиот суверен.
Нема возачка дозвола
Кралот патува без документи за идентификација. За разлика од другите членови на кралското семејство, нему не му треба ниту пасош бидејќи тој документ на граѓаните им се издава на негово име.
Од истите причини и шефот на британската држава е привилегиран во управувањето со возило и е единствениот државјанин на таа земја кој нема возачка дозвола.
Монархот не гласа
Кралот никогаш не го дава својот глас на гласачките места: тој мора да биде целосно неутрален во политиката. Ниту може да гласа, ниту да се кандидира на избори.
Од друга страна, монархот е тој што ги отвора свикувањата на парламентот и го потврдува премиерот со кој таа редовно разговара. Повеќе на Фактор.мк
Фото: Профимедиа