Немам здравствена книшка, и не ми дозволија да се осигурам преку сопругот: Искрено со Констракта пред настапот во Дојран

Добивај вести на Viber

Пораката дека уметницата мора да биде здрава, или пак дека може да е здрава која Констракта на едноставен, но многу моќен начин ја пренесе низ Европа и низ светот, е девиза која многу жени ја усвоија. 

Ана Ѓуриќ од групата „Земља грува“ е истата жена од пред да стане популарната Констракта, и вели дека ѝ треба уште време да се навикне на целото внимание околу неа. Исто како и во песната „In Corpore Sano“, Ана нема здравствена книшка, поради низата административни нелогичности. Мајка е на на две деца, вели дека ѝ важно да се среќни во својот дом, а од сопругот го добива она што го очекува - трпение и добра волја. Контракта ни доаѓа на „Д фестивал“ во Дојран, кој ќе се одржува од 1 до 3 јули. Последната фестивалска вечер, публиката со неа ќе ги повторува популарните четири збора (Уметница мора бити здрава), а овој настап е почетен повод за убавиот муабет со неа.

*Големите хитови знаат да бидат инстант хитови или ја добиваат можноста да станат евергрини. „In Corpore Sano е на пат са стане евергрин. Како го објаснувате тоа што песната е и понатаму актуелна исто како и на денот кога за првпат ја слушнавме?

- Ми се чини дека сепак е прерано да го оцениме статусот на песната „In Corpore Sano“. И понатаму се чувствува еуфоријата која е подигната со самата Евровизија. Ќе видиме дури за неколку години. Засега, она што ветува за статус на евергрин е дека песната се пее на детски родендени, на свадби, на спортски натпревари. Тематиката на песната сепак не е ниту љубовна, ниту лесна, па со самото тоа е тешко да опстане.

*Доаѓате во Дојран, на „Д фестивал“, на последната фестивалска вечер, на 3 јули. Кој репретоар обично го пеете на опен ер фестивалите?

- Фестивалските репертоари се главно кратки, 40-50 минути, па тогаш можеш да избереш песни кои во тој момент најмногу ти одговараат и кои најдобро „работат“. Секако, изведуваме сè од Констракта, и најдоброто од „Земља грува“.

*Нашата пејачка Тамара Тодевска, сестрата на Тијана Дапчевиќ неодамна изјави дека знаела оти ќе победите на „Беовизија“ и го раскажа моментот кога тоа ви го кажала, во моментот кога сте сакале да заминете дома пред да го прогласат победникот, со ќерката. Можете ли повеќе да ни раскажете за таа средба, и за „Беовизија“ воопшто?

-А, да, да, да. Се сеќавам на тоа. И Тамара и Тијана уште на националниот натпревар ми дадоа поддршка. Ја сум склона на преиспитување, па веројатно Тамара ме најде во момент кога се прашував: „Што правам јас, ова не е за мене, јас не сакам да се натпреварувам“ и слично. Морам да нагласам дека поддршката од колегите, вклучувајќи ја и онаа на Тамара, за мене е лично значајна.

*На многумина им бевте фаворит, дали вие лично целевте кон победа или барем имавте надеж за триумф на „Беовизија“, а подоцна и на „Евровизија“?

-Националниот натпревар кај нас сега се вика „Песна за Евровизија“. И мене ми е тешко да се „прешалтам“ од „Беовизија“ на тоа ново име. Не целев да победиме на ПЗЕ, нашата цел беше да ја претставиме песната на што поголем број на луѓе, и што подобро да ја претставиме Србија. Всушност, сакав да влеземе во финалето, и тука моите амбиции се остварија. Како што гледаш, немам баш изразен напреварувачки дух. (се смее)

*Дали ги слушнавте пофалбите од големата Јосипа Лисац за вас, како реагирате на видеото кое Јосипа го сними и ви го посвети?

- Го слушнав, и го запомнив она што таа го кажа како порака. Каде и да сум, јас сум! Ми се допадна тоа. Имав можност Јосипа да ја запознаам на концертот кој неодамна го имавме во Загреб. И тоа ќе го паметам. Јосипа отсекогаш го поддржуваше она што „Земља грува“ го работи. Некако доживувам дека тоа е нашиот „грув“ и звук и нешто што е блиско на она што Јосипа го работи. Ние од „Земља грува“ израснавме со музиката на Јосипа.

*Колку Ана како жена и како уметница е здрава, колку водите сметка за вашето физичко и ментално здравје?

-Си се следам себеси, телесно, емотивно. Па, реагирам ако некаде запне. Но, се чувам од опсесивно занимавање со себеси, тоа никако не ми годи. Се чувствувам здраво.

*Дали вашето секојдневие е слична приказна како во песната, или сте здравствено осигурана и си уплаќате за работен стаж? Колку од уметниците кои вие ги познавате ја имаат таа можност?

-Навистина немам книшка, и тоа е последица од разни нешта- од тоа дека не сум имала услови за статус на самостоен уметник (сега имам, но од друга страна во моментов постојат административни проблеми околу здравственото осигурување за самостојните уметници), преку тоа дека не ми се исплатеше да бидам претприемач (поради неизвесната заработка), до други некои административни нелогичности кои не ми дозволија да го остварам осигурувањето преку сопругот, итн.

На крајот на краиштата, статусот не е битен, битна е ситуацијата во која сме приморани за лечење да чекаме и да плаќаме.

*Мајка сте на ќерка и на син. Како ги воспитувате децата, колку тие се свесни за вашата моментална популарност?

-Времето ќе покаже како сум ги воспитала. Границите кај мене се растегливи и тоа е доста во спротивност со она го што слушаме за „правилното“ воспитување на децата. Мене ме интересира разбирањето на емотивната состојба, и тоа децата да се чувствуваат пријатно во својот дом, и од нас родителите да добијат пример за превземање на одговорност, емотивна или било која друга, и да веруваат дека работите се решаваат.

*Како ви поминува еден сосема обичен ден кога не работите, кои се вашите навики и ритуали кои ве прават среќна?

-Одамна сум немала обичен ден без работа. Секако, ме радува кога сум со семејството, кога го шетам кучето и кога се дружам.

*Како сопругот е носи со вашата поуларност, кој е најважниот дел од неговата поддршка?

-Не сме навикнати на таа количина на внимание, па ни беше потребно време да сфатиме што се случува и како функционираат работите. Најбитно е трпението и добрата волја.

Милица Џаровска

Фото: Инстаграм/Констракта