Немаше 300 евра за спот, а сега плива во пари: Една трагедија му го промени животот

МС Стојан од своето најрано детство сонувал да стане популарен и да се занимава со музика. Уште во основно училиште ја напишал својата прва песна, а по средното образование запишал економски факултет, што го прави еден од ретките пејачи кои можат да се пофалат со факултетска диплома.

И додека денеска заработува по десетици илјади евра, кога ја започнуваше својата естрадна кариера, немаше финансиски средтсва, па од родителите позајми 300 евра за да го сними првиот спот.

- Оваа работа никогаш не ја правев заради парите, туку заради љубовта. Популарноста и еврата почнаа сами да доаѓаат. Мислам дека тоа е тајна на успехот. Мојот најголем успех е што останав нормален и никогаш не „полетав“. Мислам дека поради тоа ме сакаат луѓето- вели тој.

Кога ќе се згаснат камерите, МС Стојан е само обично момче од соседството, кое секогаш се труди да им помага на другите. Еден од најтешките моменти во неговиот живот е загубата на неговиот татко.

- Ми го даде најубавиот подарок што некој може да го добие- веруваше во мене. Нема да се повлекувам во себе, ни да тагувам како што налагаат нашите обичаи. Ќе бидеш уште погорд на мене иако веќе не си тука. Засекогаш во моето срце. Твојот син- напиша по смртта на татко си, МС Стојан на својот профил.


- Јас сум нормално момче кое ужива во животот. Сакам да им помагам на луѓето. Секогаш сакам да одвојам дел од заработката за оние на кои им е тоа потребно. Слаб сум на болни луѓе, па често им купувам лекови. Мојот татко со години се бореше со рак. На крајот ја изгубивме битката, но кога ќе се згаснат светлата, МС Стојан ужива во помагањето- завршува тој.