Необично пријателство: 4 годишно девојче и алпака се неразделни

Малата Алиса има 4 години. Она што ја издвојува од останатите деца е што таа расте во друштво на цела банда егзотични животни, кои таа храбро ги нарекува најдобри пријатели. Живее на тивко и скоро идилично место на крајот на селото Лесковец кај Перник, Бугарија кое нејзиното семејство го претвори во зоолошката градина именувана по неа.

Во зоолошката градина на Алис и нејзиното семејство живеат елени, муфлон, ему, фазани, пауни, црни лебеди, кенгури, мечиња и многу други животни, вклучувајќи ги и најомилените од сите посетители - алпаките.

Сите посетители влегуваат во дворот со животните и шетаат меѓу нив - можат да ги фотографираат, допираат и хранат, што е голема привлечност не само за децата, туку и за возрасните.

Најдобрата пријателка на Алис е алпаката Балу, која заедно со неа стана вистински заштитен знак на зоолошката градина.

„Омилените животни на сите посетители во зоолошката градина се дефинитивно алпаките. Луѓето се многу среќни затоа што, за разлика од другите места во Бугарија, каде има алпаки, само во нашата зоолошка градина можат да ги допрат, да се сликаат со нив, да ги хранат. Нашата идеја е животните да бидат во природната околина што е можно повеќе и луѓето да имаат контакт со нив, не само да ги видат заклучени во кафези “, вели мајката на Алис - Александра Нацкова.

„Забележуваме дека многу од децата кои ја посетуваат зоолошката градина на почетокот се плашат да ги допрат кокошките, зајачињата - животни кои пред години биле во секој двор и во секоја куќа, а сега децата само се плашат од нив. Кога ќе видат дека животните не се опасни, многу деца тука ги надминуваат своите стравови и на крајот дури и не сакаат да заминат!

Не е лесно да се чуваат животни и да се примаат посетители, но веќе гледаме дека го можеме ова, гледајќи колку деца сме израдувале и колку сме благодарни родителите што им ја дадовме оваа шанса на децата да ги помилуваат нашите животни. „

Мајка и на Алис, вели дека пред 15 години таа и нејзиното семсјство се преселиле да живеат овде, постепено татко и започнал да одгледува домашни животни, а низ годините одгледувањето прераснало во Зоолошка градина и тоа необична.

Малата алис, најмногу им се радува на животните, ги гали, ги храни, ги милува, си игра со нив, живее со нив.

Најдобриот другар од сите животни во нивната зоолошка градина е алпаката Балу, малото девојче за алпаката вели дека е момче, дека дава волна и од неа се прави облека. „ Балу е мил, сака да се гали и игра“, вели малата Алис.

Целото видео за животната сторија на Алис, нејзиното семјество, Балу и останатите животни од нивната зоолошка градина погледнете го на видеото на life_stories.

Извор: life_stories