Здравје // Рецепти
Неодоливи гнезда од лешници: Раскошни колачиња совршени за сите важни настани
Гостите ќе бидат воодушевени.
Потребни состојки:
*100 г. мелени печени лешници
*150 г. мелени посни бисквити
*100 г. шеќер
*80 г. маргарин
*50 г. чоколадо за готвење
*100 мл. вода
За декорација:
100 г. мелени печени лешници
40 лешници
Подготовка:
Во тенџере, на тивок оган, ставете ги водата, шеќерот, маргаринот и чоколадото. Мешајте повремено додека не зоврие, потоа тргнете од оган и додадете ги мелените бисквити и лешниците. Измешајте и оставете да се излади смесата. Со влажни раце, формирајте топчиња со големина на ореви (ќе има околу 40 од нив). Потоа извалкајте ги во мелени лешници, па наредете ги на плех. Направете вдлабнатина на секоја од нив и ставете го лешникот таму. Ставете ги во фрижидер да се стегнат.