Животна училница // Приказни
Неодоливи навивачи: Енрике Иглесијас и Ана Курникова со малите близначиња го следат СП
- 18 Јуни, 2018
Енрике Иглесијас и Ана Курникова навиваат за различни тимови на Светското првенство во фудбал, а тоа го покажаа преку слатки фотографии со нивните близначиња Николас и Луси.
37-годишната поранешна тенисерка сподели фотографија со насмеаното дете и топка од првенството, а преку хаштаг откри дека навива за својата родна земја – Русија.
43-годишниот пејач пак објави фотографија направена за време на натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија, со која откри дека е на страната на шпанската репрезентација.