Непретпознатлива: Ирина Шајк драстично ја скрати долгата коса! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ирина Шајк ја покажа својата нова фризура и го потврди водечкиот тренд за следната сезона, но фановите не се задоволни. 

Познатиот модел Ирина Шајк ја посети нејзината фризерка во пресрет на Неделата на модата во Милано. Нејзината коса беше осветлена и драстично скратена и ова е резултатот.

Боб со класична должина е фризурата за која во последните неколку месеци се одлучија повеќе познати дами. 

Таа ги изненади сите со новиот изглед, а фановите немаа многу позитивна реакција, па моделот во ова издание не беше во можност да мине незабележано во Милан. Ирина беше облечена во елегантен црн костум од брендот „Dsquared“, под кој не носеше градник, и уште еднаш покажа дека дури и кога е со „машка фризура“, таа и понатаму останува една од најсекси жените на планетата.