Несвесно правите 4 катастрофални грешки со вашата коса поради кои изгледате постаро

Добивај вести на Viber

Стареењето е сосема природно и нормално, но многу од жените несвено прават одредени грешки со фризурата поради кои изгледаат постаро.

Предолга коса

Сите жени сакаат долга коса, но во одреден период од животот таа фризура едноставно не стои убаво. Всушност изгледа неуредно, бидејќи косата е кршлива. Од друга страна ако негувата коса до рамена, долг боб, ќе направи да изгледате помладо.

Претемна боја на коса

Темната коса е модерна и заводлива, меѓутоа доколку жената има светол тен, тогаш црна или темносмеѓа коса можаат да направат да изгледте постари од што навистина сте. Затоа ако не сте сигурни која боја на коса ви стои, прашајте го за совет вашиот фризер.

Премалку волумен во косата

Со залепена коса, сигурно ќе изгледате постаро. Затоа би требало да користите спреј за волумен и да ја стилизирате косата во лесни бранови, така што ќе изгледа поздраво и поубаво.

Претерана нега

Верувале или не, но премногу нега може да ѝ наштети на вашата коса. Понекогаш помалку е навистина повеќе. Користењето на хидратантен шампон со регенератор е доволно за тенка коса.


Ова е одлична фризура за жените над 40 години.