Неверојатен гест по само три недели познанство: Дадилката донира орган за детето што го чуваше

Кирстен Мајлс (22) од Њу Џерси завршувала факултет, па затоа прифатила да биде дадилка за да си ги плати сметките.

Џорџ и Фара Роско барале добра дадилка во многу тежок период за нивното семејство. Имено, нивното најмало дете, деветмесечната Талија, се разболела. На бебенцето и било дијагностицирана билијарна атрезија, што предизвикува стаза на црниот дроб, а третманите немале најдобри резултати.

Семејството чекало донација за црн дроб што одговарал на Талија. Чекале и чекале, но времето поминувало. Лекарите им рекле дека Талија можеби нема да го прослави својот втор роденден ако наскоро не добие црн дроб. А, тогаш се случило нешто неверојатно ... 


За три недели, Кристен многу ја засакала Талија, а потоа донела емотивна одлука. Таа сакала да биде тестирана за да види дали нејзиниот црн дроб одговара на Талија. И тогаш стигнале добрите вести, дека нејзиниот црн дроб одговара а Кристен веднаш решила да разговара со семејство на Талија за понатамошна постапка.

Отпрвин, тие помислиле дека дадилката не ја разбира сериозноста на ситуацијата, бидејќи дарувањето на дел од орган не е како дарување крв. Ова вклучува долга операција, закрепнување и одреден ризик. Но, дадилката знаела многу добро што прави и колку целата ситуација е сериозна.


Целата процедура траела 14 часа, Кирстен поминала една недела во болница, и излегла од болница со лузна од 12,7 сантиметри, но за неа тоа било мала жртва за ова бебе да преживее. За среќа, операцијата поминала добро и двете брзо се опоравиле.

Кристен спаси не само еден живот, туку и целото семејство. Таа ја заслужува секоја пофалба.


Фото: Printscreen/Youtube