(ВИДЕО) Неверојатна: Џејн Фонда на 82-години со вежби за фит тело

82-годишната објави видео на Инстаграм, најавувајќи го започнувањето на „вежби со Џејн Фонда“.


Видеото е всушност дел од промоцијата на Џејн за Fire Drill Fridays, настани кои се планираа да се одржат во Лос Анџелес, но се префрлија на Интернет поради пандемијата.

„Она што навистина би сакала да го направите е да работите со мене за планетата. Постои климатска криза што е вистински итен случај, без разлика дали сте на вашиот кауч или на јога-чергиче, придружете ми се за виртуелните Fire Drill Fridays. “


Џејн вели дека целта на настанот е „да се задржи притисокот врз политичарите да усвојат #GreenNewDeal, да се стави крај на нови фосилни горива и развие обновлива економија која ги штити работниците и заедниците“.

Актерката и активист отсекогаш покажувала посветеност да останеме фокусирани, фит и ангажирани. Таа ги започна своите Fire Drill Fridays во 2019 година, како начин да помогне во едуцирање на другите за кризата во климатските промени што се одвива низ целиот свет.

Видео-сериите „Џејн Фонда - тренинг“ се се' уште меѓу најдобрите и најпрепорачуваните начини да останете во форма.
Да се потсетиме како изгледаа пред десетина години: