Неверството му беше во крвта и важеше за заколнет женкар: Славниот актер на 53 години го доби седмото дете, па се смири
Џуд Ло го доби седмото дете, пишува The Sun, кој објавува слики од актерот и неговата сопруга, психологот Филипа Коен, како го туркаат бебето во количка.
Актерот Џуд Ло (53) имаше седум деца со четири жени, а тој и Филипа Коен (35) го дочекаа раѓањето на нивното прво дете заедно во 2020 година. „Дејли мејл“ контактираше со нивните прес-претставници, но немаше одговор.
Ло важеше за непоправлив женкар на светската сцена. Зад себе го има бракот со Сејди Фрост од 1997 до 2003 година. Тие имаат три деца, синот Раферти (26), ќерката Ајрис (22) и синот Руди (20).
Од 2004 до 2006 година излегуваше со актерката Сиена Милер со која се вери, но свршувачката заврши поради неговата врска со дадилката Дејзи Рајт, која тој и неговата поранешна сопруга ја најмија да се грижи за нивните деца за време на викендите.
Во 2008 година, актерот имаше романса со манекенката Саманта Брук, со која ја има ќерката Софија (13). Во 2015 година, врската со композиторката Кетрин Хардинг му ја донесе ќерката Ада.
Од 2015 година е со Филипа Коен со која изгледа се смири, иако сите се обложуваа дека тоа нема да се случи.