Невиден луксуз: Станија инвестираше 300.000 евра во новиот стан (ФОТО)

Старлетата Станија Добројевиќ по неколкумесечна агонија со мајсторите конечно се всели во својот стан во Рума за што одвои дури 300.000 евра. Популарната старлета кон крајот на септември заминува за Америка, а на само неколку дена пред патувањето го реши станбеното прашање и планира да приреди забава во новиот дом.

Извор близок до старлетата за тамошните медиуми откри дека Станија имала потешкотии со мајсторите кои работеле на нејзиниот имот, но и дека се одлучила за стан во Рума за да биде поблиску до семејството.

View this post on Instagram

A post shared by (@stanijadobrojevic)


- Станија зеде стан од 120 квадрати во Рума. Таа одлучи да биде во тој град да биде блиску до нејзината мајка и брат, кои живеат во близина на нејзиниот нов дом, но и да може редовно да ги посетува своите баба и дедо кои се од тоа место. За станот плати 150.000 евра и се посвети на средување на секој детал. Постојано велеше дека тоа ќе биде нејзината оаза и местото каде што ќе го поминува времето кога ќе дојде од Америка – започна за „Курир“ извор близок на Добројевиќ и додаде дека старлетата платила за средување на домот колку и за недвижнината.

View this post on Instagram

A post shared by  (@stanijadobrojevic)


Добројевиќ избра светли бои за својот стан. Ѕидовите ги обои во бела боја, додека мебелот е беж, а украсите се во омилената розова боја на старлетата.

- Бидејќи за 10 дена се враќам во Америка, решив што поскоро да направам прослава по повод вселувањето. Станот е како од бајка, навистина изгледа неверојатно. Јас тврдам дека е уште поубав во живо. Многу се радувам на сите нови моменти во него со луѓето кои ми се драги - изјави Станија за споменатиот портал.

извор: www.blic.rs


*Задник 2.000 евра, гради 4.000 евра, мачкини очи 1.500 евра: „Ценовникот“ на операциите на Станија