Италијанското издание на магазинот „Вог“ излегува на 10 април, а овојпат насловната е повеќе од симболична.
Наместо некоја манекенка или актерка која инаку ги краси насловните страни на ова списание, уредниците се определија за бела, скоро целосно празна корица. Освен името на магазинот и месецот во кој е објавено, на насловната страница нема апсолутно ништо.
"Во својата долга историја што трае повеќе од сто години, Вог мина низ војни, кризи, терористички напади. Нешто помалку од пред две недели, требаше да го печатиме изданието што го планиравме за некое време, во кое беше вклучено и L'Uomo Vogue, но сега да се зборува за сè друго, додека луѓето умираат и лекарите и медицинските сестри кои ги ризикуваат нивните животи и светот се менува засекогаш, не е во ДНК на Vogue Italia. Одлуката да се испечати потполно бела насловна за прв пат во нашата историја, не е затоа што недостасуваше слики - токму спротивното - рече главниот уредник Емануеле Фарнети.
Тие, исто така, објаснија што им значи белото.
"Белото е прво и основно почитување. Белата е повторното раѓање, светлината по темнината, збирот на сите бои. Белата е бојата на униформата што ја носат оние што ги ставаат своите животи во ризик, за да ги спасат нашите животи. Тоа претставува простор и време за размислување, простор за идеи, приказни, стихови, музика и грижа за другите, и надеж за иднината. И, над сè, белото не е предавање, туку празен лист што чека да се отпечати, насловната страница на новата приказна што е наскоро ќе започне “, додадоа од „Вог“.