НЕЗАБОРАВЕН ПОМИН

  Комбито од Велибор беше старо, но со јак мотор. Додека се возевме, Велибор се шегуваше на сметка на комбито и цело време викаше дека возиме како на рели трка. Ние се смеевме да го победиме стравот. Се возевме нагоре по правливиот пат, па почнавме да се спуштаме надолу, па тој возеше по кривини и, по едно време, стасавме до куќичката. Таа се гледаше низ густата шума и изгледаше како во сказните. Тоа беше мала дрвена куќичка со двор наоколу од зимзелени дрва, блиску до планинска река. Наоколу по должината на брегот имаше цела населба од многу мали куќички. До брегот од реката, луѓето си направиле скали за спуштање надолу. Куќите беа на брегот повисоко, така што опасноста за поплава беше минимална.

  Влеговме во дворот во кој имаше направено шадрван и беше многу сликовит заедно со малото дворче. Едно големо куче нè поздрави лаејќи и мавтајќи ни со опашот. Велибор му се приближи и почна да скока околу него и да му се радува. Велибор ни објасни дека, в зима и кога се отсутни, имаат ангажирано човек, кој се грижи за куќичките и за домашни миленици. Зад дворот имаше голема фурна. Се сместивме, ги извадивме продуктите за јадење и бидејќи беше попладне ручавме. Потоа, се подготвивме да одиме покрај река.

  Кога отидовме, се зачудивме од мистичниот поглед. Дивата река споена со мирното зајдисонце ја преливаше водата која паѓаше во капки и создаваше бела пена. Од страна, дивите врби се нишаа во склад со мирното небо. Седнавме под еден убав шатор-тенда со столчиња за седење и сите присутни беа со сламени шешири на глава и со костими за капење. Имаше повеќе млади на наша возраст, кои беа дојдени викендов. Велибор нè претстави и рече дека сите се дружат заедно, а кога не претставуваше кажа дека и ние сме пријатни многу. Уживавме во пријатниот поглед пиејќи кафе, сокови и вода. Навистина, сите беа многу опуштени, а и ние брзо се вклопивме во ова убаво друштво.

  За вечерта, се договорија да се собереме малку подоцна и да поуживаме во свежината од ноќта. За утрото, пак, се договорија сите заинтересирани да одат на риболов рано од сабајле. Отидовме дома. Имавме мали собички на таванот. Долу беше дневен престој, кујна и бања, а горе беа сместени нашите поттавански сопчина со мали прозорци. Во собичките имаше кревети и гардеробери, но беа многу интересни. Беше, навистина, смислено и секој простор беше исполнет. Велибор пушти музика да се релаксираме и да се одмориме. Подоцна, заминавме на ноќна забава со соседите.

  Кога дојдовме, наидовме на работна атмосфера. Мажите беа ангажирани со пијалакот и со салатата, а женските околу рибата и околу компирот. Имаше фурна, исто како кај Велибор, од која се ширеше опоен мирис од риба, која што се печеше. Рибата беше свежа, ја уловиле утрово и девојките ја исчистиле и ја припремиле и вечерва ја печеа. Работеа организирано и за кусо време, масата беше подготвена.

  Вечерта поминавме многу убаво. Јадевме риба, која навистина беше и убаво испечена и пикантно зачинета. Секој по свој избор пиеше. Потоа, едно момче ја извади гитарата. Џани свиреше, а ние пеевме. Меѓу паузите, се шегувавме и останавме до доцна навечер. Марко ми шепна дека сите се многу добри другари и дека се комуникативни. Се разотидовме, а риболовците се договорија утредента рано да се разбудат и да одат на риболов.

  Уште не беше зазорено. Велибор го разбуди Марко и заминаа на риболов. Јас станав, не ми се спиеше. Цело утро се каев што го пуштив сам на риболов. Ако одат утре, ќе одам и јас со нив. Замесив мекици и седнав во дворот покриена со ќебе да им се воодушевувам на свежиот чист воздух и на околината. Александра уште спиеше. Мекиците стасаа, сакав да ги пржам, но, во меѓувреме, дојде Александра и таа ги испржи мекиците.

  Таа, пото,а отиде да им однесе појадок на рибарите. За тоа време, јас ги поканив останатите да дојдат на појадок. Гледајќи ги нив, толку добри, пријатни, дружељубиви, забележав дека немав сретнато на толку мал простор вакви воспитани млади луѓе. Речиси кон пладне, се вратија рибарите. Донесоа риби и попладне се договоривме по шатор (така ја викавме плажата кај реката) да се собереме овде, во дворот на Велибор. Така и бидна. Попладне се бањавме во реката, но многу претпазливо, затоа што беше брза. Вечерта се собравме и подготвивме сè што е потребно. Беше преубаво, си разговаравме и си кажувавме вицеви.

  Драган и Сања седеа до нас и беа големи шегаџии. Сања му кажа: „Ајде Драган, раскажи како си поминал кога си бил на одмор со две женски кога те поканиле в хотел во нивната соба“. „Ајде Драган!“, сите му завикаа со смеење. Потоа, Сања му рече: „Почнувај да раскажуваш, да не започнам јас“.

  Драган почна да раскажува: „Пред две лета со братучед ми отидовме на море преку агенција. Но, во хотелот немаше место и нас не сместија во друг хотел веднаш до него. Од братучед ми друштвото беше сместено во другиот хотел и тој одеше кај нив навечер. Јас, пак, се запознав со едни девојки до нашата соба. Беа две другарки – убави, атрактивни и секоја вечер на нивната тераса заедно пиевме вино.   Пред да заминеме, вечерта отидов кај нив. Пиевме вино, една чаша, па ајде уште една и си разговаравме. Кога разговорот запре за една секунда, Јасмин стана и ми ја зеде чашата со нејзината рака. Селика седна на работ од фотелјата во која седев, и ми ја стави раката помеѓу нозете. Јас полека „одев“ со рацете од половината, стомакот, па до градите. Го одврзав нејзиниот фустан со забите. Јасмин веќе беше зад мене и беше длабоко под мојата кошула. Нејзините раце се спуштија надолу. Ѝ го галев стомакот на Јасмин „движејќи“ се надолу. Нејзината кожа беше мека и еластична. Јазикот на Јасмин беше на друго место. Таа го одврза градникот. Ги чувствував брадавиците на рамото. Ја ставив раката малку пониско да ѝ ја почувствувам „смоквата“. Беше леплива и топла. Селика се виткаше пред мене и фустанот ѝ падна на земја. Додека јас сè уште бев во пантолони, таа го соблече фустанот. Остана во црни чорапи со подвезоци. Таа ми седна во скутот. Ме обли топлина. Прво, полека, а потоа, наеднаш, ми го отвори шлицот од панталоните. Таа ми го „зеде“ „пендракот“ силно. Имам уште многу да кажувам за таа незаборавна ноќ. Но, ајде да се напиеме кафе па ќе продолжам... “

АНОНИМНА