,

Ни на мама, ни на тато: Неверојатна е сличноста на принцот Луис со таткото на Кејт Мидлтон

Откако Вилијам и Кејт споделија фотографија од синот Луис за да го одбележат неговиот трет роденден, каде тригодишното дете е насмеано на велосипед, со училишна торба подготвен за во градинка, фотографијата го обиколи светот и сите се согласија колку е пресладок најмалиот принц.

Но она што прво го забележаа фановите е неверојатната сличност со Мајкл Мидлтон, таткото на Кејт Мидлтон.

Кралските набљудувачи често забележуваат дека Луис личи на страната на семејството на неговата мајка, но по неговата роденденска фотографија дефинитивно и сигурно е дека е двојник на неговиот дедо.

Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од тоа колку тригодишното дете личи на неговиот дедо Мајкл, 71 година.

Фотографијата е направена од Кејт Мидлтон во палатата Кенсингтон во средата, непосредно пред принцот Луис да замине за својот прв ден во градниката Вилкокс. 


извор:dailymail.co.uk