Ни родената мајка не би ја препознала: Сите прашуваат што ѝ требаше ова на најубавата манекенка во светот

Добивај вести на Viber

Најплатената манекенка на денешницата Жизел Бундшен и понатаму е многу зафатена, а доминира на модните писти, но и на насловните страници на познатите магазини, но моментално нејзиниот необичен изглед е мета на коментари.

Познатата манекенка  Жизел Бундшен (42) ги изненади сите со своите нови слики кои за март се појавија на насловната страница на италијанскиот Вог. Отсекогаш била позната како една од најсексипилните во светот на модата, а нејзината неверојатна енергија ги освојува сите уште на првиот состанок. Сепак, ништо од природната убавина на Жизел не останало на фотографиите на Рафаел Павароти - таа е непрепознатлива.

View this post on Instagram

A post shared by High End Homo (@highendhomo)


На насловната страница на престижниот магазин манекенката позира во фустан „Валентино“, додека нејзините златни прамени се сокриени под црвената, залижана и кратка коса. Исончаниот тен на Жизел беше заменет со порцелански, што особено го истакна нападната шминка. Стилот неодоливо потсетува на деведесеттите, а веѓите на оваа бразилска убавица се прецизно исцртани со црвен молив.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)


Големите дијамантски обетки го комплетираа нејзиниот изглед.

Инаку, Жизел во текот на нејзината долга и многу богата манекенска кариера красеше 142 меѓународни насловни страници на Vogue. А за сметка на кралицата на модните писти, убави комплименти доаѓаат од следбениците на социјалните мрежи, кои истакнуваат дека станала многу убава по разводот со поранешниот американски фудбалер Томи Брејди, со кој беше во брак 13 години и има две деца.



ФОТО: Инстаграм screenshot