Моден фокус // Коса
Никогаш не сум се фенирала: Елена Петреска сака природен изглед
Во денешно време, жените ретко ја задржуваат својата природна боја на коса. Некои ја бојадисуваат косата поради тренд, некои за да ги сокријат белите влакна. Една од ретките на домашната естрада која никогаш не ја сменила природната боја е Елена Петреска.
„ Имам природно многу црна, сјајна и права коса. Не ја фарбам, не ја фенирам, шампонот и спрејот за расчешлување од истата фирма ми се единственото нешто со што ја одржувам“, ни изјави пејачката.
Таа вели дека за негата на лицето има ритуал кој го применува секој ден. „Секое утро го мијам лицето со сапун, го бришам поагресивно со пешкир за да направам благ пилинг. Потоа нанесувам крема“, изјави Елена која е мајка на Михаел и на Софија.