Никогаш поатрактивна: Жизел Бундшен цвета по разводот (ФОТО)
Една од најубавите манекенки на светот Жизел Бундшен, дел од одморот на Мајами го мина со своите деца, а разводот изгледа не остави трага на неа...
Една од најубавите манекенки во светот Жизел Бундшен и спортистот Том Брејди неодамна и официјално го финализираа разводот, а фоторепортерите на странските медиуми ја фотографираа убавата манекенка и нејзините деца во сончевиот Мајами.
Фотографиите од семејното време набрзо се проширија на социјалните мрежи, а луѓето едноставно беа воодушевени од фигурата на Жизел во едноделен костим за капење. Манекенката изгледа како времето да застанало за неа. Фит тело, долги нозе и убаво лице се‘ уште го красат нејзиниот изглед.
Да потсетиме, моделот Жизел Бундшен и легендата на американскиот фудбал Том Брејди се разведоа по 13 години брак.
- До оваа одлука дојдовме спогодбено. Благодарни сме за времето што го поминавме заедно – напиша Брејди на својот Инстаграм профил, а Бундшен додаде дека „заедно ќе продолжат да им даваат на своите деца љубов, грижа и внимание што го заслужуваат“.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot