Никогаш полесно чистење туш кабина: Трик кој ги брише и најлошите дамки

Многу модерни бањи имаат туш кабини, но бигорот, влагата и мувлата се задржуваат и ни создаваат проблеми при чистење.

Отстранувањето на тврдоглавите дамки од елегантните туш кабини може да биде незгодно, затоа ви носиме неколку трикови кои сигурно ќе ви помогнат:

Истурете чаша дестилиран бел оцет во сад и загревајте 30 до 45 секунди во микробранова печка.

Истурете го загреаниот оцет во шише со спреј.

Додадете неколку капки течност за миење садови.

Попрскајте од течноста почнувајќи од врвот и оставете ја да делува најмалку пет минути.

Исплакнете ја стаклената врата и избришете ја со мека крпа од микрофибер.

Напомена:

Не користете сунѓер со груб дел!

За тврдоглави дамки ставете повеќе оцет и почекајте.

Дополнителни совети:

Наместо оцет, можете да истурите сок од лимон, кој добро ќе ги исчисти дамките, но бидете внимателни ако подот е направен од природен камен.

Чистење со сок од лимон може да се примени ако не станува збор за тврдоглава дамка.

Поминете ја вратата, исплакнете добро со вода и исушете ја со мека крпа.

Туш кабината ќе биде чиста подолго ако ја чистите и сушите вратата со мека крпа по секоја употреба.


Фото: Shutterstock

Исчистете ја рерната со две состојки: Ги имате во кујната и се сосема природни и ефикасни