Никој на светов не би ѝ дал 49 години: Северина си го честиташе роденденот на посебен начин

Пејачката Северина Којиќ денес полни 49 години, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм.

Северина „се збогуваше“ од 48-та година, со летна фотографија и напиша што си посакува и што очекува од 49-та година:

 „Драги мои четириесет и осум, збогум... Ќе ве заменам со 49.
Драги мои 49, седнете малку, да поразговараме. Ве молам, нека не ве залажува мојот детски дух и си мислите дека лесно ќе ме поминете... Некои ваши „злобни“ претходници несебично ми „дадоа“ сè и сешто не толку убаво, некои го нарекуваат тоа „искуство“... Па да... ве молам, не мавтајте ми со вашите броеви, имајте во предвид дека го поздравив и испратив секој ваш „злобен“ претходник, како што ќе ве испратам и вас... доколку е потребно. Иако имаше многу повеќе добри години.
Ако сте добри, јас ќе бидам ваш најдобар пријател и ќе ги решам сите ваши проблеми, само опуштете се и дозволете ми да направам јас сè. Како што би рекол Алан Форд: „И претходно сме имале проблеми, па не сме ги решиле“. Бидете среќни за мене, танцувајте со мене, пејте, бидете среќни, безгрижни, сакани и обидете се со својата мудрост и интелигенција да ги надминете кризните состојби... И сите пречки. Знаете точно која... Затоа што не се предавам и ниту една година не ми ја одзеде надежта и вербата во доброто, иако некои, признавам, се трудеа многу... Затоа ве советувам да не се обидувате и вие на тоа...
Само смејте се секој ден (како на оваа фотографија) и сè ќе биде добро. Океј? Не давај се 49!
Поздрав до генерацијата 1972 година“ - напиша Северина.

Со овој текст пред сѐ алудираше на борбата за нејзиниот син Александат, која сѐ уште трае.
Северина исто така откри дека покрај цртежот од нејзиниот син, кој ѝ е најубав подарок за овој роденден, втор омилен подарок за неа е тоа што беше повикана и се најде на насловната на стрипот Алан Форд, напишан од славниот Макс Бункер.