Никој не го забележа овој детаљ: Меган на интервјуто носи нешто што ѝ припаѓало на принцезата Дајана

За време на интервјуто во кое таа и принцот Хари разговараа за кралското семејство со Опра Винфри, Меган Маркл и оддаде почит на покојната принцеза Дајана.

Имено, таа носеше скапа нараквица од колекцијата накит на принцезата Дајана. 

Како што се наведува, Хари од таа нараквица зел дијаманти за да направи веренички прстен, со кој тој и предложил брак на Меган во 2017 година.

Покрај нараквицата на Дајана, таа носеше и нараквица „Картие“ што ѝ ја подари принцот Хари. 

Патем, ова не е прв пат Меган да ја носи нараквицата, бидејќи се мислеше дека ја носела истата нараквица за време на кралската турнеја во 2018. Таа носеше и прстен на мајката на Хари.


Фото: Youtube/screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Интервју на деценијата: Меган и Хари го открија полот на нивното второ дете

Меган Маркл тврди: Кејт Мидлтон ме расплака пред венчавката со Хари, а не обратно