Никој не може да им одолее: Ова е најпопуларната раса на кучиња во светот!

Врската помеѓу кучето и човекот трае 40 000 години, а кучето било првото животно што го припитомил човекот. Денес има повеќе од триста раси на кучиња, а една раса го држи првото место како најпопуларна.

Лабрадор ретривер е најпопуларната раса во светот, па дури и оние кои не сакаат толку кучиња, се заљубуваат во  нивната убавина. Расата се одгледувала за физичка работа, односно за собирање предмети во вода, а сега златните ретривери, најчесто се користат за терапевтски цели и како кучиња водичи и кучиња трагачи.

Овие прекрасни кучиња со мирна, пријатна и исклучително пријателска природа имаат многу смирувачки ефект врз луѓето, тие се исклучително лојални, интелигентни и лесни за обука. Тие се најсреќни кога се во друштво на човечко суштество и се вистински пример за тврдењето дека кучето е единственото суштество што те сака повеќе отколку што се сакате самите себе. Тие се познати и по својата интелигенција, посветеност, емпатија, трпеливост и елеганција, поради што се идеално милениче за семејство со деца.

Лабрадорите ретривери се исто така самоуки кучиња - тие го набљудуваат однесувањето на луѓето и го повторуваат. И покрај фактот дека се навистина големи (растат до 55 сантиметри и тежат од 30 до 45 килограми), тие се среќни и во помали домови, но треба редовно да се шетаат.

За припадниците на оваа раса полна со љубов, никој не е странец. Тие се пријателски расположени кон сите, а исто така се и ентузијасти за активности како што се пливање, фаќање топки, помагање на лица со телесен инвалидитет и запознавање на нови пријатели со кучиња.

Список на десетте најпопуларни раси на кучиња во светот:

1. Лабрадор ретривер

2. Германски овчар

3. Златен ретривер

4. Булдог

5. Бигл

6. Пудлички

7. Француски булдог

8. Боксер

9. Јоркшир Териер

10. Ротвајлер


Фото: Shutterstock