Николина Ристовска е модерна мама со стил: Трудничкото стомаче го истакнува во тесни мини фустани (ФОТО)
Николина, сопругата на познатиот македонски голман Борко Ристовски со кој е четири години во брак и заедно го имаат синчето Душан, е бремена со второ детенце, а неодамна се изјаснија дека не сакаат да знаат кој пол е бебето.
Николина често споделува фотки од нејзините модни комбинации сега за време на бременоста и покажува дека е модерна мама со стил.
На последните две фотки кои ги објави, таа стомачето го истакна во есенски комбинации составени од мини тесни фустани кои одлично ги комбинирала.
Едната комбинација е дневна - мал црн фустан со црни хулахопки и кафени чизми.
Втората комбинација е вечерна - црно-сребрен фустан, црни чизми на платформа и над колена и кремово сако.
Која комбинација повеќе ви се допаѓа, дневната или вечерната?
Душан дувна четири свеќички на роденденската торта: „Лавчето“ на Нина и Борко порасна (ФОТО)