Никос Ламбридис, професор и директор на одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Добивај вести на Viber

Своето 25годишно искуство стекнато како менаџер во многу мултинационални компании од Европа и САД ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“.

 На 10-та конференција за човечки ресурси, што ќе се одржи на 31 мај во хотелот Александар Палас свое учество во улога на предавач ќе земе и Никос Ламбридис, професор и директор на одделот за кариера и професионален развој на студентите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Своето 25 годишно искуство стекнато како менаџер во повеќе мултинационални компании од Европа и Соединетите Американски Држави, ќе го пренесе преку темата „Почитување и негување на човечката природа во бизнисот“. 

Во елаборација на темата, тезите и знаењата, Ламбридис ќе ги пренесе на практичен начин и апликативен начин. 

„Секој има развиено свој емотивен и однесувачки модел уште од многу мала возраст. Она што навистина е важно за менаџерот е да знае да препознае како промената ќе влијае на емоционалниот систем на поединецот, но и на остатокот од организацијата, тимот, па дури и семејството на поединецот, затоа што промената во организацијата создава „ефект на бран“. Менаџерот мора да ја знае психологијата и културата на организацијата за да може да го разбере моделот – процес – личност – контекст - време. Од голема важност е вработените да ги ставиме во јадрото на организацијата, особено за да ја разбереме нивната природа која понатаму ќе ја насочиме кон целите на организацијата. Очекувам своите знаење и искуства да ги споделам со голем број луѓе од полето на човечки ресурси, а преку дискусии да го надградам дури и своето знаење“, вели Ламбридис во пресрет на предавањето.

Во фокус на годинешната, јубилејна конференција ќе бидат основните потреби, но и највисоките цели на цивилизираниот свет, а тоа е почитта кон луѓето, поддршка на нивниот развој и признание на нивната непроценлива важност во организацијата. Како и претходните години, така и оваа, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја подржува Конференцијата за човечки ресурси на која што покрај Ламбридис, предавања ќе имаат уште 6 други експерти од областа на човечките ресурси, а исто така пријавени се учесници професионалци од областа, и од околните држави.

За повеќе информации поврзани со конференцијата, но и за регистрација проверете на официјалната веб страница на конференцијата.