Ништо не е случајно: Сите несреќи кои му се случуваат на вашето дете се последица на кармата која ве следи

Секое дете доаѓа на овој свет со одредена мисија...

Нашите деца се онакви какви што се - не случајно. Секое дете доаѓа на овој свет со одредена мисија, а каков ќе му биде животот, зависи од нас и кармата која не следи, вели писателот Денис Захаров. Без оглед на тоа дали се согласувате со оваа теорија, задолжително прочитајте го овој текст. Писателот тврди дека сѐ ќе ви стане појасно.

„Душата сама го одбира семејството, а овој избор е секогаш свесен, бидејќи се заснова на одредена задача. Спротивно на врежаното мислење, родителите не ги учат своите деца, туку е токму спротивното. Детето е кармата на своите родителите.“ Еве како тој го објаснува ова.

„Доколку бебето го одбере потешкиот пат (на пример, се роди со вродени болести или недостатоци), тоа не е казна туку е еден од начините за просветлување на родителите. Животот нема друг начин за да ги возбуди возрасните и да ги натера да размислуваат, како преку саканото дете.“

За да ја долови својата теорија, се присетил на една, навидум хармонична двојка, која имало слепо дете. „Делуваа толку прекрасно, таа преубава, тој згоден, кога ќе ги видите, ја гледате љубовта и одеднаш таква несреќа.“

Но, кога една од бабите се јавила да помогне во чувањето на бебето и се преселила во станот на оваа двојка, не можела да им верува на своите очи. Каде исчезнала романсата и хармоничната двојка? Тие во реалноста биле далеку од вљубена двојка. Со денови се карале, а кога кавгата завршувала молчеле.

Новороденчето избрало да не ги гледа расправиите на родителите, затоа ја избрало кармата на слепите, со надеж дека родителите ќе сфатат зошто им се случило ова. Но, биле глуви.

„Ние сме научени да ја поврзуваме менталната причина со физичката манифестација на било што. Премногу сме материјалисти и премногу скептични, затоа малку кој верува во оваа теорија, а таа во повеќе наврати се покажала како вистината.“

Што мисли за оваа теорија на Денис Захаров?

фото: Shuterstock