NO BORDERS ORCHESTRA: Со премиерна изведба на
Во рамките на турнејата B Matinee, на 28 јули на Которарт фестивалот премиерно ќе се изведат 5 нови композиции, напишани по нарачка на NO BORDERS ORCHESTRA од петте најактуелни композитори од Балканот, меѓу кои и композицијата "FairVent" од македонската композиторка Дарија Андовска, за гудачки оркестар, перкусии и електроника.
Балканската турнеја понатаму продолжува во Призрен, Сараево, Марибор, Загреб, Белград на реномирани фестивали, а со двата концерта во светски познатиот клуб Berghain во Берлин NBO продолжува со европска турнеја.
Концертите во Berghain ќе бидат снимани од Deutsche Gramophon, а ќе се издадат на носач на звук од Universal Music.
Дарија Андовска е една од најплодните и најизведуваните македонски композитори, со светска кариера и бројни инрернационални и домашни награди и признанија, вонреден професор на Факултетот за музичка уметност и Факултетот за драмски уметности.
No Borders Orchestra (NBO) е ансамбл од музичари од територијата на поранешна Југославија, основан во 2012 и раководен од Премил Петровиќ. Целта на NBO е да придонесе во надминувањето на стереотипите на национализмот, расизмот, ксенофобијата и хомофобијата преку врвни уметници од областа на музиката, афирмирање на културните вредности кои се во континуиран пад во локалните транзициски општества. NBO не е носталгичен проект за ех-Југославија, напротив, комплетно посветен на иднината. Носталгијата го брише критицизмот, а критичката ангажираност е во основата на нивната идеја.
Еден од главните интереси на основачите на NBO е конекцијата помеѓу музиката и животот.