Носете ги проклетите маски: Шест милиони лајкови за бесната Џенифер Анистон

Една од омилените холивудски актерки и ѕвездата на серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон, преку својот профил на Инстаграм апелираше до сите да носат заштитни маски.

Сите знаеме дека КОВИД-19 не слабее низ целата планета, дека пандемијата е сè уште активна и дека Америка е една од најзагрозените земји дури и во овој период, во таканаречениот „втор бран“, така што 51-годишната актерка во оваа пригода искажува револт што луѓето не ги почитуваат мерките на претпазливост во борбата против овој безмилосен вирус, кој вклучува задолжително носење маски.

- Разбирам дека маските се неудобни и непријатни. Но, зарем не мислите дека е полошо што бизнисот се затвора ... што се отпуштаат работници ... Здравствените лица се целосно исцрпени. И толку многу животи однесе овој вирус затоа што не правиме доволно. Јас навистина верувам во доброто кај луѓето и знам дека сите можеме да излеземе победници од ова. Но, сепак, има многу луѓе кои одбиваат да ги преземат потребните чекори за да се заштитат. Луѓето се грижат за тоа дека им е „одземено правото“ со тоа што е побарано од нив да носат маски. Оваа едноставна и ефективна препорака се политизира и се плаќа со човечки животи. И навистина не треба да се расправаме за тоа- пишува Анистон под фотографијата на која во спортско издание носи црна заштитна маска.

- Ако се грижите за човечките животи, ве молам ... само носете ги проклетите маски и охрабрете ги сите околу вас да го сторат истото- порачува таа.