Новата Мис Универзум е R'Bonnie Gabriel: Која е американката со филипинско потекло? (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Р'Бони Габриел е новата Мис Универзум. Аманда Дудамел од Венецуела е прва придружничка, додека Андреана Мартинез од Доминиканска Република е втора придружничка.

Победничката на Мис Универзум, Р'Бони Габриел, има дваесет и осум години, што ја прави најстарата Мис Универзум во историјата.


Таа е родена во Хјустон во 1994 година и ќе наполни 29 години.

Р‘Бони е моден дизајнер, модел и инструктор за шиење, а дипломирала на Универзитетот Северен Тексас.

Новата Мис Универзум е и извршна директорка на сопствената линија за одржлива облека, а во 2021 година влезе во историјата како прва Американка со филипинско потекло која ја освои титулата Мис Тексас САД.

View this post on Instagram

A post shared by Bonney Nola (@rbonneynola)


- Татко ми се пресели во Америка од Филипините со стипендија за факултет и околу 20 долари во џеб. Сакаше сам да се пробие во новиот живот. Во Тексас ја запозна мајка ми, селска жена од Бомонт. „Јас сум многу горда филипинка Тексашанка“, рече таа претходно.

View this post on Instagram

A post shared by RBonney Nola (@rbonneynola)


Нејзиниот омилен цитат е „ако не сега, тогаш кога?“.

View this post on Instagram

A post shared by RBonney Nola (@rbonneynola)

- Како жена верувам дека годините не нè дефинираат. Не утре, не вчера, туку сега. Сега е вистинското време – рече таа.


Фото и Видео: Инстаграм