Новата ограничена серија од омиленото Гранд кафе Голд носи пријатни изненадувања за љубителите на кафето
Почитувајќи ги желбите на потрошувачите и секогаш нудејќи им повеќе од вкус, Гранд кафе лансираше на пазарот ограничена серија пакувања од својот најпопуларен производ - Гранд кафе Голд.
Новата ограничена серија на Гранд кафе Голд ја сочинуваат три специјални пакувања на кои доминираат мотиви и симболи што се поврзуваат со трите најважни работи во животот на сите луѓе: пријателството, гостопримството и љубовта.
Овие традиционални и безвременски вредности на кои се темели убавината на животот се истовремено и вредности кои ги негува и почитува Гранд кафе и на кои го гради својот препознатлив концепт на уживање во кафето.
- Секое пакување од Гранд кафе Голд носи со себе уникатни приказни кои нѐ спојуваат и создаваат вистинска и искрена блискост со оние без кои не можеме да го замислиме својот живот. Тие приказни, заедно со Гранд кафе Голд, се раскажуваат меѓу пријатели, во разговор со соседите и секако меѓу оние кои секојдневно си изјавуваат љубов, велат креаторите на новата серија пакувања на омиленото Гранд кафе, објаснувајќи го својот основен мотив за нивната најнова креација.
- Новата ограничена серија пакувања на Гранд кафе Голд е создадена за нови моменти на блискост и нови животни приказни. Уживајте во своето омилено кафе кое ќе ви донесе повеќе радост, велат од Гранд кафе, најавувајќи дека наскоро за сите потрошувачи следуваат нови и пријатни изнанадувања.
Гранд кафето Голд е направено според посебни рецепти и наменето е за луѓето кои уживаат во традиционалното силно домашно кафе со многу пена и препознатлив мирис и вкус.
Гранд кафе е дел од Атлантик Група, мултинационална компанија која во своето делување ги обединува производството, развојот, продажбата и дистрибуцијата на голем број производи за широка потрошувачка, со присуство на пазари во повеќе од 30 земји ширум светот. Благодарение на одличниот и постојан квалитет и оргиналност, Гранд кафето ја стекна довербата на голем број љубители на кафе и стана водечки бренд во регионот. Суверено ја држи лидерската позиција на пазарот за кафе во Република Македонија.