„Новата Софија Лорен“ е фатална русокоса: Се колнат дека е најубава жена која гази по Италија, а на премиерата на филмот „Гучи“ им го помати разумот на сите со огромно деколте
На завчерашната премиера на филмот „House of Gucci“ главни ѕвезди беа Лејди Гага и Салма Хајек, но далеку од тоа дека огнената Романка остана незабележана. Напротив, денес цел свет и се восхитува!
Актерката Мадалина Дијана Џенеа (34) е една од уметниците на кои Ридли Скот им укажа доверба да работи на филмот кој го следи убиството на Маурицио Гучи од страна на убиец кој го плати неговата сопруга Патриша Реџиано.
Поради актерскиот талент, но и физичката сличност со дивата на европскиот и светскиот филм, Софија Лорен, убавицата ја доби честа да ја глуми постарата колешка, а синоќа присуствуваше на лондонската и светската премиера на ова остварување.
За оваа пригода Мадалина избра црна тоалета на модната куќа Москино, по малку драматичен и многу ефективен модел чиј горен дел се состои од тесен корсет кој нагласува многу храбро деколте.
Долниот дел го красеа луксузни слоеви од сатен, а комплетниот впечаток е уште посилен бидејќи Мадалина се одлучи за мат варијантата. Актерката носеше и црни сандали со кристали, а косата исчешлана во бранови беше малку разбушавена, додека веѓите исчешлани нагоре, па Џенеа изгледаше уште поогнено од вообичаено.
Пред десет години таа се појави во италијанската комедија „I soliti idioti: Il film“ на Енрико Ланда, по што спорадично добиваше улоги во филмови и на телевизија. Еден од нејзините најголеми актерски успеси досега беше улогата на Доротеа Малатест во серијата „Боргија“, а сега може да се приклучи на соработката со Ридли Скот на снимањето на „Гучи“, во кој Мадалина играше рамо до рамо со Адам Драјвер, Салма Хајек, Ал Пачино, Лејди Гага, Џаред Лето ...
Мадалина ја има ќерката Шарлоза, која ја доби во врска со Романецот Метју Стратан, а по него ја поврзуваа со Џерард Батлер, Леонардo ди Каприо, Вит Шнабел и ред други успешни познати заводници.
Таа неодамна одговори и на прашањето зошто никогаш не се омажила, нагласувајќи дека љубовта на нејзиниот живот се нејзината ќерка и нејзината мајка и дека повеќе би сакала да го помине животот сама и среќна, отколку со погрешен партнер.
Извор: glossy.espresso.rs
Foto: Instagram