Нови приказни и изненадувања: Ивана Кнез секој вторник на Женски Магазин

Добивај вести на Viber

Нашата Ивана Кнез, своја, посебна, силна, одлучна... ЖЕНА инспирација, повторно кај нас.

Овојпат секој вторник заедно ќе ви откриваме нови скокотливи приказни, ќе ви будиме сетила и емоции, но и ќе ве изненадуваме.

„Кога имав 4 годинки моите биле на вечера кај пријатели во Радожда. Бабата, околу 90 години, на сред вечера ја погледнала мајка ми и ја прашала: Невесто имаш ли дете? Мајка ми рекла имам Да, еве ја Ивана. Не бре невесто дете дали имаш, не девојче. Валидноста на жената од секогаш е спорна. Верификација на нашиот род често е ставена на тест, најчесто од други жени. Поминав се во животов, често мајка ми велела Да не ти даде Господ што се можеш да издржиш. Јас најдобро од сите знам што можам, прагот за болка го поместив за неколку неба погоре. И по сите мои падови и порази станав пак, секој пат се појака, затоа што верувам во моќта на жената, верувам во признавање на лична грешка, подадена рака на друга жена и вложено време во заедничка проекција. Од внатре кон надвор, а во вторник заедно со @zenskimagazin.mk@lovecatsoriginal и @beautyboxkoko ќе ви покажеме како. НАМАСТЕ. “

View this post on Instagram

A post shared by I Am Ivana Knez (@ivanaknez) on


Се читаме утре, убавици.