Новогодишна бајка во домот на актерите од „Тома“: Кога ќе видите како ги украсиле прозорците, ќе мислите дека сонувате бајка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Новогодишните и божиќните празници полека пристигнуваат, а домот на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина е еден од оние кои се истакнуваат во морето празнично украсени...

Актерската двојка Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина важат за една од најхармоничните јавни двојки и горди родители на ќерката Сташа и синот Лазар.

Оваа година беше навистина успешна за двајцата, бидејќи филмот „Тома“ за легендарниот боем постигна голем успех.

Тамара и Петар се радуваат на претстојните празници, а најмногу нивните деца, па затоа се „фрлија“ на украсување на елката и домот воопшто.

По желба на нивните наследници, елката ја украсија со црвени и бели украси, подароци со повеќе мали Дедо Мразовци, а актерката на следбениците на Инстаграм им покажа како изгледа нивниот дом во празнично руво.

Актерска двојка ги украси и прозорците во дневната соба. Тоа дава една посебна магија и оригиналност во новогодишната декорација.

За оваа не толку едноставна работа, актерите ангажирале експерти, кои им направиле вистинска снежна бајка со која ги израдувале нивните деца.

На еден од прозорците има пингвини, додека на другиот ирвас.

Краток период пред раѓањето на нивниот син Лазар, Тамара и Петар се имаа преселено во нов стан, кој го имаа уредено по сопствена желба.

Желбата им била Сташа и Лазар да имаат простор за игра, а оваа новогодишна магија покажува колку се успешни во тоа.

Може да ве интересира: 

Роденденски семеен портрет и супер забава: Ќерката на Тамара и Петар - актерите од „Тома“, наполни 5 години (ФОТО)